Опасни материи се оние материи кои при производството, манипулацијата (пакување, натовар, транспорт, истовар) и користењето може да бидат опасни и штетни за животот и здравјето на луѓето, за материјалните добра и животната средина. Поделбата на опасни материи е извршена во согласност со меѓународните прописи кои ја уредуваат нивната употреба, превоз и складирање. Со наведените прописи се опфатени околу 50.000 опасни материи и истите се поделени во девет основни класи.
Во таа насока е потребно организирано и стручно оспособување на возачите на товарни моторни возила со кои се превезуваат опасните материи, како и други лица кои учествуваат во организацијата на превозот и нивната манипулацијата – натоварување, претоварување и истовар. Основната цел на специјалната обука се состои во запознавање со карактеристиките на поединечните опасни материи и добивање на основни сознанија неопходни за намалување на можностите за несреќни случаи до минимум, како и преземање на потребните мерки за заштита во случај на инциденти и ограничување на последиците од нив.
Обуката ја извршуваат соодветно обучени предавачи од AМСМ Центар за возила. За извршената обука се издава потврда за спроведена обука, која претставува услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерството за транспорт и врски.
Потребни документи за обука и пријава на стручен испит се:
Контакт лице: Давид Тренчевски
📱: +389(2)3181 153,+389(0)72 228 196
✉: dtrencevski@amsm.com.mk, obuki@amsm.com.mk