Лабораторијата за калибрација претставува посебна организациона целина во рамките на АМСМ Центар за возила.

Првата акредитација на лабораторијата за калибрација е спроведена во 2017 год. кога добива прилог кон сертификат за акредитација на лабораторија од 7 подрачја со 10 акредитирани предмети за калибрација. Низ текот на годините лабораторијата за калибрација ги проширува подрачјата за калибрација, а со тоа и акредитирани предмети за калибрација.

Во 2019 год. лабораторијата успешно изврши транзиција на MKC ISO 17025:2006 во МКC ISO 17025:2018.

Денес во лабораторијата за калибрација достапни се следните услуги согласно опсегот на акредитација:

  • Калибрација на димензионални големини – должина и агол;
  • Калибрација на механички големини – сила и притисок и вакуум;
  • Калибрација на време и фреквенција;
  • Калибрација на оптички големини – особини на оптички систем;
  • хемиска анализа;
  • Калибрација на референтни материјали – гасни смеси; и
  • Калибрација на акустични големини – бучава.

Лабораторијата за калибрација постојано се стреми кон развој и вложува во знаењата на вработените, а со тоа и кон проширување на нови подрачја за калибрација.

Притоа, лабораторијата за калибрација останува посветена кон тоа да биде препознаена како лабораторија која:

  • Ефективно ги спроведува законските и подзаконските акти за услугите кои ги нуди;
  • На своите клиенти им нуди високо ниво на услуги;
  • Пропагира висока свест за одговорност и лојалност.

 

 

Контакт лице: Александар Телента

📱: 071-276-751

✉: calibration@amsmcentarzavozila.mk