Опасни материи се оние материи кои при производство, манипулација (пакување, натовар, транспорт, истовар) и користење може да бидат опасни и штетни за животот и здравјето на луѓето, за материјалните добра и животната средина. Од таа причина, сите возачи кои превезуваат опасни материи мора да поседуваат АДР сертификат.

За стекнување со АДР сертификат потребно е организирано и стручно оспособување на возачите на товарни моторни возила со кои се превезуваат опасни материи, како и други лица кои учествуваат во организацијата на превозот и нивната манипулацијата – натовар, претовар и истовар. Основната цел на специјалната обука се состои во запознавање со карактеристиките на поединечните опасни материи и добивање на основни сознанија неопходни за намалување на можностите за несреќни случаи до минимум, како и преземање на потребните мерки за заштита во случај на инциденти и ограничување на последиците од нив. Обуката ја извршуваат соодветно обучени и професионални предавачи од AМСМ Центар за возила.

За извршената обука се издава Потврда за спроведена обука, која претставува услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерството за транспорт и врски.

Потребни документи за пријавување за обука и стручен испит за ADR возач се:

  • Лична карта
  • Национална возачка дозвола

 

Контакт лице: Давид Тренчевски

📱: +389(2)3181 153, +389(0)72 228 196

✉: dtrencevski@amsm.com.mk, obuki@amsm.com.mk