Инспециското тело за садови под висок притисок и сигурносна опрема, кое функционира во рамките на АМСМ Центар за возила врши периодичен технички преглед и испитување согласно Законот за техничка инспекција (Сл. весник на РМ бр. 88/2008) и неговите измени и Правилникот за користење на опрема под притисок (Сл. весник на РМ бр. 32/2009).

Притоа, предмет на испекција во инспекциското тело може да биде:

  • Опрема под притисок
    • Парни котли;
    • Садови под притисок;
    • Постројки под притисок;
    • Инсталации под притисок; и
    • Магистрални гасоводи и нафтоводи
  • Пренослива опрема под притисок
    • Резервоари, вагонски и автоцистерни во согласност со RID/ADR;
    • Цилиндри, цевки, барабани под притисок, криогени садови, групни цистерни на батериски возила во согласност со RID/ADR; и
    • Цистерни за транспорт на опасни материи без надпритисок (класа 3 до 9)
  • Сигурносни вентили
    • Технички преглед и испитување на вентили; и
    • Периодични и вонредни прегледи на вентили при сервисирање и експлоатација со издавање на уверение.

 

 

Контакт лице: Армоди Дугановски

📱: 076-229-269

✉: aduganovski@amsm.com.mk