Ова испитување се однесува на механичките уреди за спојување на моторни и приклучни возила и нивно прицврстување на моторни возила. Целта на ова испитување е:

  • обезбедување на компатибилност во случаи кога моторни возила се комбинираат со различни типови приколки;
  • обезбедување на безбедно заедничко спојување на возилата во сите услови на употреба; и
  • обезбедување на безбедни постапки на спојување и раздвојување.

За а-тест на вграден уред за спојување на влечно и приклучно возило, потребни се следните документи:

  • Доказ за сопственост на возилото-сообраќајна дозвола или купопродажен договор;
  • Уплатница за а-тест издадена од МВР врз основа на барање заверено од надлежен технички преглед.

Доколку приклучниот уред е нововграден и поседува сертификат од производителот како и потврда според правилникот за евидентирани промени на возилата, во тој случај не е потребна уплатница за а-тест издадена од МВР

Цените на услугата зависат од типот на приклучниот уред.

По извршеното испитување, АМСМ Центар за возила издава потврда за сообразност за преправено/поправено возило и известување до МВР за внесување на преправката во сообраќајна дозвола, со што се финализира постапката на испитување.

 

 

Контакт лице: Зоран Бошначки

📱: 072-228-197

✉: zbosnacki@amsm.com.mk