Со оваа процедура се дефинираат условите и постапката за испитување на возила на кои е утврдено дека се вградени двојни команди за потребите за обука на возачи, како би  можел совозачот да ги контролира сите или некои од ножните команди наместо возачот. Оваа процедура се однесува на возила од М и N категорија.

За а-тест на вграден систем на двојни команди, потребни се следните документи:

  • Доказ за сопственост на возилото-сообраќајна дозвола или купопродажен договор;
  • Елаборат (шема) кој детално го опишува систем на нововградени команди;
  • Барање за а-тест;
  • Уплатница за а-тест издадена од МВР врз основа на барање заверено од надлежен технички преглед.

По извршеното испитување, АМСМ Центар за возила издава потврда за сообразност за преправено/поправено возило и известување до МВР за внесување на преправката во сообраќајна дозвола, со што се финализира постапката на испитување.

 

 

Контакт лице: Зоран Бошначки

📱: 072-228-197

✉: zbosnacki@amsm.com.mk