Хомологација е дел од правилникот за употреба на возила со кој се пропишани барањата кои моторните и приклучните возила мора да ги исполнуваат. Таа опфаќа низа постапки со кои се утврдува сообразноста на едно моторно возило.
Постојат повеќе постапки во процесот на регистрација на нови и половни возила увезени од странство:
ЕДИНЕЧНО ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗИЛО
Единечното одобрување на возила е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило.Постапката за единечно одобрување на возило се спроведува:
ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ОЦЕНА НА ТЕХНИЧКАТА СОСТОЈБА НА ВОЗИЛА
Оцена на техничката состојба на возилото е постапка во која визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи, како и проверка дека возилото не е преправено, односно поправано.
Постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:
Постапката може да се спроведе само ако техничките барања врз основа на кои е добиено ЕУ одобрување на тип, односно одобрување на типот во Република Северна Македонија, се најмалку на нивото на техничките барања кои се во примена за соодветното возило.
ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ВОЗИЛА
Идентификација е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ПРОМЕНИ НА ВОЗИЛО
Оваа постапка се спроведува за промени на возилата кои се однесуваат на вградување на одделни системи, делови и опрема што се разликуваат од основно вградените на возилото, а истите се одобрени за вградување во конкретниот тип на возило, како што се:
Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали вградените уреди се одобрени за вградување во конкретниот тип на возило и дали се соодветно вградени.
За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потврда за сообразност за евидентирање на промени, документ врз основа на кој во сообраќајната дозвола се впишуваат настанатите промени на возилото.
Контакт лице: Ивица Радев
📱: 072-214-872
✉: iradev@amsm.com.mk