Под течен нафтен гас се подразбираат течните јагленоводороди, односно пропан (C3H3), бутан (C4H10) и нивните смеси согласно соодветните стандарди за течен нафтен гас, како и други течни нафтени гасови кај кои притисокот при температура од 70о C не е повисок од 31 bar, а густината на течната фаза на температура од 50о C не е помала од 0,4 kg/dm3. Накратко, под течен нафтен гас се подразбираат јагленоводородите кои под специјални услови на температура и притисок можат да се претворат во течна состојба.

Меѓународната ознака за течен нафтен гас е LPG ( Liquefied Petroleum Gas).

Во Европскиот стандард EN 589:1993 специфицирани се барањата и методите за испитувања на ТНГ за моторни возила кои се испорачуваат на пазарите на земјите на ЕУ.

При испитување на преправени возила и возила со дополнително вградени уреди, се испитуваат: конструктивни особини, функционалност и техничко-безбедносни својства на преправени односно нововградени уреди, како и нивното влијание врз функционирањето и техничко-безбедносните својства на другите уреди од возилото и возилото во целост.

За а-тест на дополнително вграден уред за погон на течен нафтен гас, потребни се следните документи:

  • Доказ за сопственост на возилото-сообраќајна дозвола или купопродажен договор;
  • Уплатница за а-тест издадена од МВР врз основа на заверено барање заверено од надлежен технички преглед; и
  • Сертификат (потврда) за вградени уреди, резервоар, испарувач, мултивентил и сл.

По извршеното испитување, АМСМ Центар за возила издава потврда за сообразност за преправено/поправено возило и известување до МВР за внесување на преправката во сообраќајна дозвола, со што се финализира постапката на испитување.

 

 

Контакт лице: Зоран Бошначки

📱: 072-228-197

✉: zbosnacki@amsm.com.mk