СЕМТ сертификатот претставува дозвола за меѓународен превоз на стоки. Врз основа на овој сертификат превозникот се стекнува со дозвола да врши превоз и транзит на териториите на земјите членки на ЕКМТ. Оваа дозвола се добива од страна на надлежните органи на земјите врз основа на транспортна дозвола од Европската конференција на министрите за транспорт (ЕКМТ).

За идавање на ЕКМТ-ЦЕМТ сертификат потребни се следните документи:

  • Копија од сообраќајна дозвола на возилото и оригинал сообраќајна дозвола за увид;
  • Копија од сертификатот за сообразност на возилата – зелен образец за моторни возила и жолт образец за приклучни возила, заверен од производителот или од негов овластен застапник во земјава, како и оригинал на увид;
  • Последниот бел образец на сертификатот за извршен тест за подготвеност на возилата за сообраќај
  • Копија за исправност на тахограф (за моторни возила)
  • Уплата на административна такса од 50 денари.

Важноста на ЕКМТ-ЦЕМТ сертификатот е една година и истиот се издава на четири јазици.

 

 

Контакт лице: Симеон Ацевски

📱: 071-232-442

✉: sacevski@amsm.com.mk