Тахограф е инструмент за мерење и автоматско снимање на брзината и времето на патување, како и видот и времетраењето на активноста на возачот. Тахографот е задолжителен за автобуси и камиони, а неговата основна функција е регулирање на времето на возење, со цел да се избегнат сообраќајни незгоди предизвикани од замор на возачот.

Во АМСМ Центар за возила во Скопје (Чаир) и во Велес можете да направите калибрација и редовен преглед на сите видови аналогни и дигитални тахографи, како и архивирање на податоци од возачка картичка или дигитални картички од дигитални тахографи.

 

 

Контакт лице: Даниел Илоски

📱: 071-376-559

✉: diloski@amsm.com.mk