АТП Сертификат се издава за специјални возила согласно “Спогодбата за меѓународен транспорт на лесно расипливи прехранбени производи и посебна опрема која се користи за таков транспорт” – потпишана во Женева на 01 Септември 1970 година.
Спогодбата налага превозот на смрзнати производи, длабоко смрзнати како и несмрзнати производи, а кои треба да се чуваат на одредена температура да се превезуваат со возила за кои има гаранција дека ќе ја одржат температурата на производите за целото времетраење на транспортот.
Гаранција за тоа е поседување АТП Сертификат кој се издава со назнака FRA, FRB, FRC, во зависност од температурата на разладната комора на возилото.
Периодичните Испитувањата за реиздавање на АТП Сертификатот се вршат на секои 3 години.
Потребни документи:
• Сообраќајна дозвола
• Претходно издаден АТП Сертификат (доколку возилото поседува)
Контакт лице:
Симеон Ацевски
тел.071-232-442
e-mail: sacevski@amsm.com.mk