ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТЕН СЕРВИС НА ВЕЛОСИПЕД
01/03/2023
Сезоната на велосипеди ја прогласуваме за отворена. Станете ВЕЛО член и добивате бесплатен основен сервис на вашиот велосипед, кој вклучува:
- Проверка и штелување на кочници и брзини
- Проверка на гарнитура, предна, средна и задна осовина и
- Центрирање на тркала
ВЕЛО членската картичка е наменета за физички лица и ги вклучува следните услуги:
- Бесплатен мобилен сервис и помош на пат во случај на дефект до 21 часот
- Бесплатен пренос на велосипед 24/7
- Превземање на велосипед и пренос до одредена локација на територија на Р.С.Македонија по повластена членска цена
- Поволности при сервисирање на велосипед во АМСМ
- АМСМ Партнер програма за попусти
- Членско списание Клуб Мобилити (електронско издание)
Услугите за бесплатен мобилен сервис, помош на пат и пренос на велосипед се достапни за користење до 20км на градско подрачје, во двата правци, со повикување на 196.
АМСМ ВЕЛО членската картичка чини 600 денари, а можете да ја извадите онлајн.
Акцијата важи од 01.03-31.03.2023 година. Бесплатниот сервис можете да го користите во АМСМ сервисот за велосипеди лоциран во рамките на АМСМ-Центар, само со претходно закажување.
Закажување: 02/3181-181