УСПЕХОТ НИКОГАШ НЕ Е СЛУЧАЕН

 

Крајот на годината, традиционално е во знакот на оние наши колеги кои со својот труд и работа, односот со клиентите и секако интерно со колегите, ја одбележаа годината која одминува.

 Наградувањето и призанијата се во неколку категории, и тоа:

  • Колеги кои ги надминаа очекувањата на клиентите и за тоа се писмено пофалени од корисници во текот на 2023 година:

 

  • ДУШКО ТОДОРОВСКИ
  • ДЕЈАН ЃУРЧИНОВСКИ
  • СЕНАИД АЉИУ
  • УСЕИН РАМАДАН
  • ЖИВКО СПАСЕСКИ
  • ДАНИЕЛ ГЕЛЕВСКИ
  • БОБАН ПРОДАНОВ
  • АНТОНИО НИКОЛОВСКИ
  • СЛАЃАНА АЦЕВСКА
  • МИЛЕ ЌАМИЛОВ
  • ЉУБИЦА АНГЕЛОВСКА
  • ФИЛИП ДОНЕВСКИ
  • ДАНИЕЛА РИСТЕВСКА
  • ВИОЛЕТА ЃОРЃИЕВСКА

 

  • Колегите кои се најуспешни во продажбата на АМСМ членски картички. Оваа година со најголем обем на продажба од Станица за технички преглед- Центар е колешката Наташа Арсовска, од Станицата за технички преглед-Велес е колешката ХРИСТИНА ЈОВАНОВСКА, додека од Станица за технички преглед-Чаир е колешката Валентина Михајловска. Дополнително, признанија им беа доделени и на Слаѓана Ацевска и Маја Петровска од Станица за технички преглед- Центар. Од авто мото друштвата АМД „ТЕТОВО“- ТЕТОВО доби признание за најдобра продажба на АМСМ членски картички, додека Слободан Стојчески од АМД „Струга“-Струга е колега од авто мото друштвата кој го доби признанието за најдобра продажба.
  • Изборот на „Вработен на годината во системот на АМСМ“ се заснова на континуирано следење на перформансите на вработените од аспект на квалитетот во работењето, односот кон корисниците, колегите и системот на АМСМ во целина. Оваа година за наградата Најдобар вработен во системот на АМСМ, беа номинирани 7 вработени од системот:

 

    • Марјан Петрушевски, АМСМ Станица за технички преглед
    • Маргарита Мирчевска, Авто Школа Мобилити Плус
    • Благица Игнова, Мобилити Брокер
    • Љубица Ангеловска, АМСМ Служба за помош и информации на пат
    • Дејан Ѓурчиновски, АМСМ Центар за возила
    • Мевљуд Зумери, АМСМ Петрол
    • Благица Станојевиќ Блажевски, АМСМ Консалтинг – Маркетинг

 

Титулата Најдобар вработен во системот на АМСМ за 2023 година заслужено ја доби

Марјан Петрушевски од АМСМ Станица за технички преглед-Центар.

 

Сите наши колеги кои со својата работа ја одбележаа 2023 година ќе го добијат своето заслужено место на Ѕидот на успехот.

 

Им посакуваме уште многу успех во АМСМ!

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping