На крајот на 2022 година, им оддадаваме признание на оние наши колеги кои со својот труд и работа ја одбележаа годината која одминува. Наградувањето и призанијата се во неколку категории, и тоа:
1. Колеги писмено пофалени од корисници во текот на 2022 година:
- Златко Арсоски
- Даниел Гелевски
- Душко Тодоровски
- Даниела Ристевска Додевска
- Иванчо Наневски
- Бобан Шијаковски
- Зоран Стаменовски
- Мартин Митевски
- Наќе Ѓорѓиевски
2. Колеги пофалени од колеги:
- Игор Додевски
- Зоран Стаменовски
- Тихомир Петрушевски
- Душко Тодоровски
- Маријан Петрушевски
- Спиро Василевски
- Даниел Илоски
- Роберт Божиновски
3. При изборот на корпоративна позадина за службените комјутери за 2023 година на тема „Ориентираност кон корисниците“, од 21 предлог, победничката позадина за која гласаа мнозинството вработени во системот, е на колегата ДЕЈАН ЃУРЧИНОВСКИ.
4. На колегата МИЛЕ ЌАМИЛОВ му беше доделено признание за Најдобар возач-механичар од базите на службата за помош и информации на пат – исток, а колегите ЗЛАТКО АРСОСКИ, ЖИВКО СПАСЕСКИ, ВЛАТКО ИВАНОСКИ и ДАВОР ЦВЕТАНОСКИ како вработени во базата во Кичево, го добија признанието за Најдобра база за помош и информации на пат за 2022 година.
5. Секоја година им се оддава признание и на колегите кои имаат најдобра продажба на АМСМ членски картички. Оваа година со најголем обем на продажба од Станица за технички преглед- Центар е колешката Наташа Арсовска, од Станицата за технички преглед-Велес е колешката ХРИСТИНА ЈОВАНОВСКА, додека од Станица за технички преглед-Чаир е колешката Валентина Михајловска. Од авто мото друштвата АМД „ТЕТОВО“- ТЕТОВО доби признание за најдобра продажба на АМСМ членски картички, додека Слободан Стојчески од АМД „Струга“-Струга е колега од авто мото друштвата кој го доби признанието за најдобра продажба.
6. Изборот на Вработен на годината во системот на АМСМ има за цел континуирано следење на перформансите на вработените од аспект на квалитетот во работењето, односот кон корисниците, колегите и системот на АМСМ во целина. Оваа година за наградата Најдобар вработен во системот на АМСМ, беа номинирани 9 вработени од системот:
- Зоран Стаменовски, АМСМ Станица за технички преглед
- Владо Петрушев, Авто Школа Мобилити Плус
- Жарко Јованоски, Мобилити Брокер
Филип Теговски, Амсм Членство
- Златко Арсоски, Амсм Служба за помош и информации на пат
- Борче Стојановски, Амсм Служба за помош и информации на пат – Контакт Центар
- Шенол Исеновски, Амсм Петрол
- Софија Јанеска, Амсм Консалтинг – Сметководство и финансии
- Ивица Радев, Амсм Центар за возила
Првото место го освои Ивица Радев од АМСМ Центар за возила, кој ја понесе титулата Најдобар вработен во системот на АМСМ за 2022 година.
Сите наши колеги кои со својата работа ја одбележаа 2022 година ќе го добијат своето заслужено место на Ѕидот на успехот.
Им посакуваме уште многу успех во годините кои доаѓаат!