ВЕРИФИКАЦИЈА НА ТАКСАМЕТРИ

24/08/2022

Со одобрение издадено од Биро за метрологија, од 23.08.2022 година, АМСМ Центар за возила ја прошири својата понуда со нова услуга – верификација на таксаметри.

Постапката за верификација на таксаметри се извршува за секој пријавен таксаметар поединечно, со цел да се утврди дали ги исполнува однапред утврдените услови од страна на Бирото за метрологија. Верификацијата на таксаметрите АМСМ Центар за возила ја извршува во име на Бирото за метрологија.

Потребни документи за верификација на таксаметри се:

  • Барање за верификација на таксаметар (снимнете го тука)
  • Копија од претходен сертификат од мерилото за вонредна / периодична верификација
  • Таксаметар кој е предмет на испитување на лице место

АМСМ Центар за возила за потребите на своите клиенти, авто-такси превозници, може да ги извади следните документи:

  • Доказ за регистрирана дејност со претежна дејност 60.22
  • Дел од услугите на АМСМ Центар за возила се ПТЕУ / М6 кој е потребен документ за издавање на лиценца за авто-такси превозник од Град Скопје

Покрај верификацијата на таксаметри, во АМСМ Центар за возила ви се достапни и следните поврзани услуги:

  • Монтажа на таксаметри
  • Монтажа на радиостаници
  • Монтажа на рекламни табли

 

Повеќе информации на 072/214-864 или 071/376-559.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping