СЕРВИСНИ СТАНИЦИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

31/03/2023

Минатата година, на различни локации на територијата на град Скопје, беа поставени сервисни станици за велосипеди, чија цел е зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

Сервисните станици располагаат со воздушна механичка пумпа, хекс клучеви, штрафцигери, конусни клучеви и друг ситен алат за проверка и поправка на ситни дефекти на велосипед.

Ве потсетуваме на локациите на вело сервисните станици и ве охрабруваме да ги искористите за проверка на вашиот велосипед на почетокот на сезоната:

  • Пред АМСМ – општина Центар;
  • Пред SKOPJE CITY MALL – општина Карпош, ул.„Манапо“;
  • Во „FOUR“ (хотел „ПАРК“) на кеј – општина Центар; и
  • Пред хотел „РУСИЈА“ – општина Аеродром.

За основен или комплетен сервис на велосипедот, советуваме да го посетите АМСМ сервисот за велосипеди лоциран во рамките на АМСМ Центар-Скопје.

Закажување: 02/3181-133

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping