ПОМОШ НА ПАТ ЗА ГРАДСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ
31/03/2023
АМСМ ВЕЛО членската картичка е наменета е за физички лица кои секојдневно го избираат велосипедот за градско превозно средство.
Со неа добивате:
– бесплатна помош на пат до 21ч. и бесплатен пренос на велосипед 24/7 во случај на дефект на територијата на град Скопје, до 20км на градско подрачје, во двата правци;
– 20% попуст за сервисирање на велосипед во новоотворениот сервис за велосипеди во АМСМ Скопје – Центар;
– Опција за превземање и пренос на велосипед до посакувана локација на територијата на нашата земја по повластена членска цена; и
– Пристап до АМСМ Партнер програмата со која добивате попусти во над 250 внимателно избрани продажни места.
Услугите за помош на пат и пренос на велосипед можете да ги користите со повикување на 196.
АМСМ ВЕЛО членската картичка важи една година од датумот на издавање и чини 600ден, а можете да ја извадите онлајн.
Повеќе информации на: 02/3181-108