VISA АМСМ КОБРЕНДИРАНА КРЕДИТНА КАРТИЧКА

06/06/2023

Како резултат на договор за меѓусебна соработка, АМСМ и Шпаркасе Банка на пазарот лансираа уникатна кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица.

Отсега, членските картички Classic и Europe Premium можат да бидат Visa AMSM Classic кредитна картичка и Visa AMSM Europe Premium кредитна картичка.

Станува збор за VISA АМСМ кобрендирана револвинг кредитна картичка која ви овоможува сигурност при патување преку услугите на АМСМ за бесплатна помош на пат во случај на дефект на возило во земјава и во Европа и бесплатно годишно патничко осигурување. Од друга страна, со приложување на картичката имате можност да заштедите од 5% до 20% во повеќе од 200 внимателно избрани продажни места.

Со VISA АМСМ кобрендирана револвинг кредитна картичка ги добивате услугите од вашата членска картичка Classic или Europe Premium и дополнителни услуги:

  • Cashback (поврат на средства) преку Шпаркасе Банка еднократно во износ од 1.500 денари за минимален направен промет од 30.000 денари за период од три месеци со АМСМ кобрендираната кредитна картичка.
  • Плаќање на рати без камата кај трговците со кои Шпаркасе Банка има склучено договор
  • Месечна чланарина – 200ден за VISA АМСМ Classic и 300ден за VISA АМСМ Europe Premium

Дополнителен бенефит за сите физички лица е можноста да ја добијат оваа картичка без апликативни трошоци.

АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА

Повеќе информации на: 02/3181-108

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping