По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, АМСМ и РСБСП организираа сообраќајно-едукативна трибина, на тема „Временските услови како фактор за безбедност во сообраќајот“.
Улогата на современата жена во сообраќајот е значајна и истата денес не се ограничува само на придонесот на жените како активни учесници во сообраќајот, туку многу позначајна е нивната улога на мајка, родител, воспитувач, едукатор. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената-мајката отсекогаш била и ќе остане неприкосновена.
Настанот го посетија повеќе од 60 припаднички на понежниот пол, што е доказ за нивниот интерес и значајноста на улогата која ја имаат како учеснички во сообраќајот, но и нивната општествена улога во подигање на свеста за поголема безбедност во сообраќајот.
Истиот беше проследен од повеќе медиуми:
– ТВ Нова
– ТВ Сител
– Нова Македонија
– а1on.mk
– emagazin.mk
– denar.mk
– zdravstvo24.mk
– netpress.com.mk
– skopjeinfo.mk