СТУДЕНТСКА ПРАКТИКА

Затоа што веруваме дека градењето и вложувањето во потенцијалниот кадар е инвестиција која што повеќекратно се враќа, АМСМ нуди можност за стекнување со студентска практика.

Можност за студентска практика имаат студентите од III и IV година, апсолвентите и дипломираните студенти.

Доколку сте заинтересирани за студентска практика, го очекуваме вашето CV, мотивационо писмо и пополнета Пријава за студентска практика, на studentskapraktika@amsm.com.mk со назнака за „Студентска практика во АМСМ“.

Ви благодариме.