По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март,  АМСМ и РСБСП организираа сообраќајно-едукативна трибина, на тема „Временските услови како фактор за безбедност во сообраќајот“.

 

Улогата на современата жена во сообраќајот е значајна и истата денес не се ограничува само на придонесот на жените како активни учесници во сообраќајот, туку многу позначајна е нивната улога на мајка, родител, воспитувач, едукатор. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената-мајката отсекогаш била и ќе остане  неприкосновена.

 

Настанот го посетија повеќе од 60 припаднички на понежниот пол, што е доказ за нивниот интерес и значајноста на улогата која ја имаат како учеснички во сообраќајот, но и нивната општествена улога во подигање на свеста за поголема безбедност во сообраќајот.

 

Истиот беше проследен од повеќе медиуми:

 

– ТВ Нова

– ТВ Сител

– Нова Македонија

– а1on.mk

– emagazin.mk

– denar.mk

– zdravstvo24.mk

– netpress.com.mk

– skopjeinfo.mk

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping