ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Унгарија е континентална земја и не излегува на море. Дунав поминува низ Унгарија со 420 км и може да се плови по целата должина на реката. Главен град е Будимпешта кој е поделен од Дунав на два дела, Пешта на левата страна и Будим на десната страна од реката. Унгарија има површина од 93,000 км2 и население од 15 милиони жители.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 107/112 Амбуланта 104/112 Пожарна 105/112 МАК (помош на пат) 188 или +36 1 345 1755
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Унгарија на нашите државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има општо ограничување на брзината за сите видови на моторни возила од 50 км на час. За моторцикли и автомобили без приколка ограничување на брзина на автопат е 130 км на час, а на останати патишта е 90-110 км на час.
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
забрането (казна 15.000 до 30.000 ХУФ), hands-free дозволено.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено ниво на алкохол : 0%
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 30.000 ХУФ) Детски седишта: задолжително за деца до 3 години. Пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште. Повисоки од 1,35м на задно седиште можат да користат ремени за возрасни. Средно светло дење: задолжително надвор од населени места. Прва помош сет: задолжително. ПП апарат: не. Триаголник: задолжително. Рефлектирачки елек: задолжителен за сите кои се движат пеш по јавен пат надвор од населено место, ноќе или по лоша видливост, како и сите лица кои во случај на дефект го напуштаат возилото. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Синџирите за снег можат да се користат за со снег покриени патишта. Употребата може да се прогласи за задолжително на некои патишта, кога временските услови тоа го бараат. Максималната брзина за возилата со синџири е 50 km / h.