ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Украина стекна независност во 1991 по распадот на Советскиот Сојуз. Има 52.200.000 жители од кои 73% Украинци, 22% Руси, 1% Евреи и 4% останати. Главен град е Киев со 2.654.000 жители. Се граничи со : Руската федерација на исток и север; Белорусија на север; Словачка и Унгарија на запад; Романија и Молдавија на југозапад. Рамницата во центарот на Украина е окружена со планини од запад и исток а на југ излегува на Азовско и Црно море.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 102; Брза Помош 103; Противпожарна бригада 101; 112 УА (алармен центар- помош на пат) +380 322 976 550
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Украина не е потребна виза Потребни се :Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места: – сите возила 60 км на час Надвор од населени места: – Автопат 130 км на час; – Останати патишта 90-110 км на час; Автобуси, возила со приколка, моторцикли – 80 км на час Камиони и превоз на патници – 60 км на час
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Употреба на мобилен телефон: забрането, дозволено Hands- free, казна над 40 евра
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено ниво на алкохол :нема, но толеранција во некои случаи е до 0,02%
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени : задолжителни за сите седишта Детски седишта: да, за деца под 12 години и пониски од 1,45м. Средно светло дење :да, од 01 октомври до 30 април Прва помош сет: задолжителен ПП апарат : задолжителен Триаголник: задолжителен Рефлектирачки елек:не Зимска опрема: Зимски гуми на сите 4 тракала. Период: ноември до април. Употребата на синџири за снег е дозволена. Минимум длабочина на шарката 6 мм.