ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Црна Гора се наоѓа во Југоисточна Европа помеѓу Хрватска, Србија, Косово, Албанија, БиХ и Јадранското море. Својата независност ја прогласи на 3 Јуни 2006 год. напуштајќи ја Унијата со Србија. Зафаќа површина од 13.812 км2 и има вкупно 650.000 жители. Главен град е Подгорица. Други поголеми градови се: Цетиње, Никшиќ, Херцег Нови, Бар. Службен јазик е српски.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 122/112

Амбуланта 124/112

Противпожарна бригада 123/112

АМСЦГ (инфо центар) +382 20 234 635 

АМСЦГ (аларм центар) +382 20 19807 / 20 234 999, или 19807

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Црна Гора не е потребна виза. Со споогодба е овозможено преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја( нпр. Хрватска), при влез во Црна Гора користете биометриски пасош. Потребен е зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна. Еколошка такса повеќе не се наплаќа.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места- – сите возила – 50 км на час Надвор од населени места- -Автомобили, моторцикли – -Брзи патишта – 100 км на час; – останати патишта 80 км на час -Автомобили со приколка, – -На сите патишта – 80 км на час;

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон, казна 60-150 евра. Дозволена е употребата на HANDS FREE.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: detyrimisht 

Детски седишта: не, деца под 12 години не смеат да се возат на предни седишта

Средно светло дење : да, за сите возила

Прва помош сет: detyrimisht

ПП апарат: не

Триаголник: detyrimisht

Рефлектирачки елек: задолжителен

Зимска опрема: Мин. 2 зимски гуми ИЛИ летни со синџири. Период: 15 ноември-31март.Товарни возила од 15 ноември до 31 март како дел од зимска опрема треба да носат и лопата.

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping