ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Словачка се наоѓа во Централна Европа помеѓу Чешка, Австрија, Полска, Унгарија и Украина. Зафаќа површина од 49.036 км2 и има вкупно 5.300.000 жители. Главен град е Братислава кој има 452.000 жители. Други поголеми градови се Кошице, Трнава… Службен јазик е словачки.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 SATC (инфо центар) +421 2 682 492 11 SATC (аларм центар) 18124 (од Словачка) или +421 2 682 492 11
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Словачка не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – Сите возила 50 км на час Надвор од населени места Патнички возила до 3,5 тони – Автопат 130 км на час – Останати патишта 90 км на час
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Словачка не е дозволена употребата на мобилен телефон. Дозволена е употреба на HANDS FREE. Казна 20-60 ЕУР.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено ниво на алкохол : 0%
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 20-60 евра) Детски седишта: да – за деца полесни од 36 кг. Деца под 12 години и пониски од 1,50м не смеат да патуваат на предно седиште. Средно светло дење: задолжително за сите возила Прва помош сет: detyrimisht ПП апарат: не Триаголник: задолжителен Рефлектирачки елек: задолжително за сите возила со 2 и 4 тркала на сите патишта надвор од населени места и дење и ноќе. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Период: ноември – март. Зимски гуми (М + С /- 3мм) се задолжителни за патнички возила (до 3.5t) кога има набиен снег или мраз на патот. Синџирите за снег може да се користат само кога има доволно снег за да се заштити површината на патот.