ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Шпанија се наоѓа во Југо-западна Европа и се протега на поголемиот дел од Пиринејскиот полуостров. На Шпанија и припаѓаат Балеарските острови во Средоземното море, Канарските острови во Атлантскиот океан и две мали енклави во Мароко. Шпанија се состои од 17 автономни покраини. Зафаќа површина од 506.030 км2 и има вкупно 43 милиони жители. Главен град е Мадрид кој има 3.6 милиони жители. Други поголеми градови се Барселона, Валенсија, Билбао.. Службен јазик е шпански.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Општ тел. за итни ситуации 112 Полиција 092 Цивилна гарда 062 Амбуланта 061 Пожарна 080 RACE (инфо центар) 902 40 45 45 RACE (алармен центар) +34 91 594 93 47

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Шпанија не е потребна виза. Потребни се: Зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места – сите возила 50 км на час Надвор од населени места -Автомобили, моторцикли – Автопат 120 км на час; – Останати патишта 90-100 км на час; Минимална дозволена брзина на автопат е 60 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Шпанија е забранета употребата на мобилен телефон. Hands – free дозволено, но само целосен – без слушалки или штипки.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.05%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 200 евра) Детски седишта: Деца под 12 години и пониски од 1,35м мораат да седат во детски седишта. Средно светло дење: не (само за моторцикли) Прва помош сет: не ПП апарат: не Триаголник: detyrimisht Рефлектирачки елек: не е задолжителен, освен во случај кога возачот излегува од возилото на патишта надвор од населени места. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Период: ноември – март. Синџири за снег можат да се користат. Максималната брзина е 50 km / h.

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping