ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Романија се наоѓа во Југоисточна Европа и се граничи на северо-запад со Унгарија, на север со Украина, на северо-исток со Молдавија, на југ со Бугарија и на југо-запад со Србија и Црна Гора. Романија излегува на Црно море и нејзиниот морски брег е долг 245 км. Зафаќа површина од 238.391 км2 и има вкупно 22.303.552 жители. Главен град е Букурешт кој има 2.3 милиони жители. Други поголеми градови се Темишвар, Клуж, Плоешти, Констанца. Службен јазик е романски.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 АЦР (туринг инфо) +40 21 211 04 10 или 211 43 66 АЦР (аларм центар) +40 21 222 2222 со мобилен: 0745 382 715 0722 382 715
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За патување во Романија не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – сите возила 50 км на час Надвор од населени места -Автомобили – Автопат 130 км на час – Останати патишта 90-100 км на час
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Романија е забранета употребата на мобилен телефон (казна 65-80 евра), hands-free дозволено.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено ниво на алкохол : 0%
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 30-50 евра) Детски седишта: да. Деца до 3 години мораат да бидат во соодветно седиште, а деца под 12 години и пониски од 150 см треба да користат соодветни безбедносни ремени или седишта. Средно светло дење: задолжително за сите возила надвор од населени места. Прва помош сет: detyrimisht ПП апарат: detyrimisht Триаголник: detyrimisht Рефлектирачки елек: detyrimisht Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Синџири за снег се препорачуваат за зимски патувања во планините.