ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Полска се наоѓа во Централна Европа и се граничи со Украина, Литванија и Белорусија на исток, Чешка и Словачка на југ, Германија на запад и на север со Балтичкото море и Русија. Има над 9000 езера кои воглавно се наоѓаат во северниот дел од Полска. Зафаќа површина од 312,685 км2 и има вкупно околу 38,1 милиони жители. Главен град е Варшава и има 1,7 милиони жители. Други поголеми градови се Краков, Катовице, Познан и други. Службен јазик е полски.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 997/ 112 Амбуланта 999/ 112 Пожарна 998/ 112 ПЗМ (инфо центар) +48 22 849 6904, 849 8449 ПЗМ (аларм центар) +48 22 532 84 33 (AIT/FIA членови)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Полска не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места сите возила 50 км на час (од 05:00 – 23:00 часот) 60 км на час (од 23:00 – 05:00 часот) Надвор од населени места -Автомобили, моторцикли и камиони до 3.5 тони – Автопат 140 км на час; – пат со 2х2 ленти 120 км на час; – пат со 2х1 ленти 100 км на час; – пат со 1х1 лента 100 км на час; – останати патишта 90 км на час; Минимална дозволена брзина на автопат е 40 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Полска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 200 ПЛН или 50 евра.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на aлкохол во крвта е 0.02%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 100 ПЛН) Детски седишта: за деца под 12 години и висина под 1,50 м, задолжителни соодветни седишта или ремени Средно светло дење: detyrimisht Прва помош сет: се препорачува ПП апарат: задолжитено само за возила регистрирани во Полска Триаголник: detyrimisht Рефлектирачки елек: секое лице кое се движи по страна на патот надвор од населено место во текот на ноќта или кога видливоста е намалена, мора да носи рефлектирачка јакна. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. М + S гуми се препорачуват.Синџирите за снег можат да се користат само на патиштата покриени со снег.

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping