ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Холандија се наоѓа во Западниот дел на Европа помеѓу Германија, Белгија и Северното море. Зафаќа површина од 33,939 км2 и има вкупно 15,517,000 жители. Земјата се состои од 12 провинции. Главен град е Амстердам, но седиштето на владата е во Хаг. Други поголеми градови се Ротердам, Гронинген, Бреда. Службен јазик е холандски. Поголемиот дел од населението активно говори англиски и германски.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 ANWB (инфо центар) +31 70 314 20 ANWB (алармен центар) +31 70 314 7714 /или/ “Wegenwacht” (road patrol) тел. 088 2692 888
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Холандија не е потребна виза . Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – моторцикли, патнички возила 50 км на час Надвор од населени места – моторцикли, патнички возила 100- 130км/ч (на автопат) 80 км на час (на останатите патишта)
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Холандија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна230 ЕУР.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 140 евра) Детски седишта: задолжително до 3 години, а до 18 години со висина под 1.35м мораат да имаат соодветно седиште или ремен. Средно светло дење: не е задолжително. Прва помош сет: не е задолжителен. ПП апарат: не е задолжителен. Триаголник: не, но во одредени ситуации задолжителна е употреба. Рефлектирачки елек: не е задолжителен. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Гуми M + S се препорачуваат со минимална длабочина на шарка од 4мм.