ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Германија по своето државно уредување е Федерација составена од 16 републики. Германија има површина од 357,021 км2 со вкупно население од 82 милиони жители. Главен град е Берлин со вкупна популација од 3.5 милиони. Тој е познат како главен град на поранешна Прусија, а во моментов претставува главна врска помеѓу културите од Источна и Западна Европа. Официјален јазик е германски.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 110/112 Амбуланта 112 Пожарна 112 АДАЦ (инфо центар) 1805 10 11 12 АДАЦ (аларм центар) 01802 22 22 22 или 22 22 22 (од мобилен со додаден број за подрачјето)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Германија за наши државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола, како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места има општо ограничување на брзината за сите видови на моторни возила од 50 км на час. За возила до 3,5т. ограничување на брзина на магистрални патишта е 130 км на час (се препорачува), а на останати патишта е 100 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Германија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 40 ЕУР. Од 1-ви јануари 2008 год. со цел да се намали емисија на издувни гасови, во повеќе градови воведена е ресртикција за движење на одредени типови возила.Движењето низ овие зони е дозволено само со истакнати налепници во боја “Plakette” (зелена, жолта или црвена). Тие се издаваат во центрите за технички прегледи и во некои овластени сервиси. Возачите треба да поднесат сообраќајна дозвола според која им се одредува налепница и се плаќа од 5 до 10 евра. За мапи и подетални информации видете : http://www.adac.de/umweltzonen www.umweltbundesamt.de/umweltzonen Казна за не поседување на налепница е 40 евра.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 30 евра)

Детски седишта: задолжително за сите деца до 12 години, од 3 до 12 години и пониски од 1,50м. задолжително на задно седиште.

Средно светло дење: задолжително за моторцикли и мопеди. За другите видови на возила само при намалена видливост и лоши временски услови.

Прва помош сет: detyrimisht

ПП апарат: не

Триаголник: detyrimisht

Рефлектирачки елек: Од 1 јули 2014 година, задолжително е да се има рефлектирачки елек во приватен автомобил регистрирани во Германија или во странство, како и во возила кои се користат професионално и во комерцијални возила. Камперски комбиња и возила со 2 тркала ослободени се од оваа обврска. Елекот може да биде со жолта, портокалова или црвена боја и мора да е во согласност со европскиот стандард EN 471.

Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала. Период нема определено. Зимските гуми треба да носат М + S знак или снегулка. Употребата на синџири за снег е дозволена, максимална брзина е од 50 km / h. Во планинските области, во зимски временски услови, обврската за синџири е обележана со знаци.

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping