ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Франција или уште попозната како “Градина” се наоѓа во западна Европа, и претставува вистинска туристичка атракција.излегува на Северното море, Англискиот канал Атланскиот океан како и на Медитеранот. Површина има околу 543,965 км2 и население од околу 58 милиони жители. Главен град е Париз со 2,2 милиони жители. Град преполн со шарм кој изобилува со голем број на музеи и историски места. Поголеми градови се Стразбург, Лион и други. Службен јазик е францускиот.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 17 или 112 Амбуланта 15 или 112 Пожарна 18 или 112 АЦАФА (помош на пат) 0 820 205 134

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Франција на нашите државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и моторцикл од 50-70 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Франција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 135 ЕУР.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на Алкохол во крвта е 0.05%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 135 евра). Детски седишта: задолжително, за деца до 10 години е забрането да седат на предно седиште, освен во детско седиште Средно светло дење: задолжително за моторцикли, за останати се препорачува Прва помош сет: не е задолжителен за патнички возила. ПП апарат:не е задолжителен. Триаголник: задолжителни, како и користење на сите четири трепкача Рефлектирачки елек: задолжително за сите возила со 4 тркала, мора да се облече пред да се излезе од возилото (казна 90-135 евра Зимска опрема :Задолжителни зимски гуми. Период: нема определено. Гуми M + S се препорачуваат на патиштата покриени со мраз или снег. Мин. 3,5 мм.Со синџири за снег мора да бидат опремени возила кои се движат по патишта покриени со снег во согласност со релевантните сообраќајни знаци. Возилата со синџири не смеат да возат побрзо од 50 km / h.

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping