ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Данска е најјужна и најмала од Скандинавските земји. Се состои од полуостровот Јиланд и 406 острови од кои само 93 се населени. Таа е опколена од сите страни со вода освен во јужниот дел каде има 68 км граница со Германија. Зафаќа површина од 43,094 км2 и има околу 5,3 милиони жители. Главен град е Копенхаген со 1,7 милиони жители. Службен јазик е данскиот.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција – 112; Брза Помош – 112; Противпожарна бригада – 112; FDM/Dansk Autohjaelp Road Assistance (помош на пат) тел:70 27 91 12
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Данска zа нашите граѓани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – сите возила 50 км на час (во центар на Копенхаген 40 км на час) Надвор од населени места: Автомобили, моторцикли – Автопат 110 км на час – Останати патишта 80 км на час Автомобили со приколка – Автопат 80 км на час – Останати патишта 70 км на час
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Данска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 67 ЕУР.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на Алкохол во крвта е 0.05%.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени : задолжително сите вградени Детски седишта:Деца под 3 години мора да бидат во детско седиште соодветено на нивната големина. Деца над 3 и пониски од1,35 метри мора да бидат во седиште соодветно за нивната големина и тежина. Ако детето се наоѓа на предното седиште, во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да се деактивира.Во возила постари од 1989 година забрането е да се возат деца под 3 години. Средно светло дење : detyrimisht Прва помош сет: се препорачува ПП апарат : се препорачува Триаголник:detyrimisht Рефлектирачки елек: не, се препорачува Зимска опрема: Зимски гуми на сите 4 тркала.Период: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО.Синџири за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз.