НАПОМЕНА: СТАРТ сервисната картичка е наменета за оние кои не се наши членови и вклучува само мал дел од сервисните услуги вклучени во Classic и Europe Premium членските картички. СТАРТ сервисната картичка не вклучува други членски услуги ниту претставува замена за АМСМ членските картички.
Со технички преглед на вашето возило во АМСМ Станицата во Скопје-Центар, добивате подарок СТАРТ сервисна картичка, која ви овозможува екслузивни привилегии при одржување и сервисирање на вашето возило:
- Бесплатни сервисни погодности:
- Штелување на светла и замена на сијалици од системот за сигнализација
- Испитување на системот за стартување и полнење (алансер,алтернатор,акумулатор)
- Проверка на нивото и степенот на мрзнење на антифризот
- Проверка на нивото на масло во мотор
- Проверка на нивото на течност за сопирачки глицерин
- Проверка на нивото на AdBlue
- Поволности при редовен сервис и одржување, кои ги добивате бесплатно со користење на резервни делови од АМСМ сервисот:
- Промена на моторно масло
- Промена на филтер за масло
- Промена на филтер за воздух
- Промена на филтер за гориво
- Промена на филтер за полен
- Ресетирање на сервисниот интервал
- Компјутерска дијагностика при сервисирање на возило
- Подесување на геометрија (центрирање) при поправка на подвозје
- 10% попуст на проверка на системот за стартување и полнење (алансер, алтернатор) при замена на акумулатор (старо за ново)
- Специјални попусти кои ги добивате со купување на пневматици од АМСМ сервисот:
- 4 тубелес вентили гратис
- 50% попуст на балансирање и замена на пневматици
- 50% попуст на подесување геометрија
- Вредносен ваучер за избор на подарок од АМСМ продавницата за автогалантерија, кој го добивате:
- Во износ од 500ден при сервисни услуги во вредност од 5.000-10.000ден
- Во износ од 1.000ден при сервисни услуги во вредност од 10.000-15.000ден
- Во износ од 200ден при сервисни услуги во вредност од 3.000-5.000ден
- Дополнителни поволности кои ги добивате со вашата Старт картичка:
- Гаранција од 6 месеци на вградени резервни делови
- Пристап до дополнителни бесплатни сезонски акции
- Бесплатна сервисна книшка
Акцијата важи за корисниците на технички преглед од 01.02.2021 година.
Повеќе информации и закажување на 02/3181-181