Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на Република Македонија, за патување со моторно возило надвор од државата потребни се следниве документи:
- Меѓународната возачка дозвола се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена на 8 ноември 1968 година во Виена;
- Одобрение за управување туѓо моторно возило се издава врз основа на овластувањата на АМСМ добиени од страна на FIA – организација којашто ги обединува сите авто-мото и туринг клубови, како и здруженија на светско ниво.
Истите можете да ги извадите 24/7 во АМСМ Центар.
Потребни документи за МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА:
- 2 фотографии (45мм x 35 мм)
- Лично присуство со документ за идентификација (лична карта или пасош)
- Национална возачка дозвола
- Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ)
Барањето за издавање на потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, можете да го симнете këtu.
Vlefshmëria: 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.
Напомена: Меѓународната возачка дозвола можете да ја извадите во рамките на работно време на шалтерот на МВР во АМСМ или 24/7 во АМСМ Скопје-Центар доколку веќе ја поседувате потребната потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
Për orarin e punës të sportelit të MPB-së mund të informoheni këtu.
Продажни места:
АМСМ СТП Центар (24/7), АМСМ СТП Чаир и АМСМ СТП Велес, авто-мото друштва во земјава.
Потребни документи за ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО (полномоштво):
- Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош)
- Prani personale e përdouesit të makinës me pasaportë.
- Симнете го барањето за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило – këtu. (образецот се печати на меморандум од фирмата и заведен се доставува до АМСМ)
Важност: 1 vjet
Продажни места:
АМСМ СТП Центар (24/7), АМСМ СТП Чаир и АМСМ СТП Велес, авто-мото друштва во земјава.
Повеќе за меѓународни документи