БОНУС програмата за АМСМ членови ви овозможува попуст при секоја обнова на вашата АМСМ членска картичка, под следните услови:
- Обновата на членската картичка да биде во период од најмногу 30 дена од датумот истек на претходната членска картичка; и
- Po немате искористено услуга помош на пат и шлепување во претходниот членски период.
Доколку ги исполнувате претходните услови, добивате попуст на редовната цена при обнова на вашата АМСМ членска картичка, кој е поголем со секоја следна обнова на членската картичка:
- 10% попуст за обнова втора година по ред;
- 15% попуст за обнова трета година по ред;
- 20% zbritje за обнова четврта година по ред;
- 25% попуст за обнова петта година по ред и
- 30% попуст за обнова повеќе од 5 години во континуитет.
Попустот кој го добивате со БОНУС програмата, можете да го искористите само при обнова на вашата АМСМ членска картичка во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), во Велес и во Кичево, како и во сите авто-мото друштва во земјава.
Повеќе информации: 02/3181-108