Бидејќи оваа пролет го лансиравме АМСМ ВЕЛО членството, оваа рубрика во е-весникот ја одбравме за да ви ги доближиме клучните елементи од кои следиме пример и при тоа ги издвојуваме клубот ADAC од Германија, клубот OAMTC од Австрија и клубот AMZS од Словенија.

Клубот ADAC  ВЕЛO членството  првично го започнаа во 2021 како пилот проект, а од оваа година работи по територијата на целата држава. Кај нив е-велосипедот и приколката се користат и при дефект на автомобили.

Вработените во ADAC, помагаат за изборот на е-велосипед и вршат консултации при изборот на лизинг на своите членови.

Клубот OAMTC веќе осма деценија ја нудат оваа услуга.

Освен за велосипеди, тие е-велосипедот и приколката ги користат и за помали дефекти на автомобили, моторцикли и камиони низ центарот на градот.

AMZS клубот од Словенија, својата услуга ја лансираше во 2016 година. Исто како и другите клубови, нивната цел е непријатните ситуации (дефекти) кои можат да се случат на улица, било да се работи за велосипед или возило, да ги претворат во пријатни.

Најчесто во сите три европски клубови, акцент се става на е-велосипедите, како послесно и поеконмично да пристигнат и помогнат на пат и на не толку достапни терени.

И ние можеме гордо да се пофалиме дека сме во чекор со сите.

Услугите помош на пат и пренос на велосипед се бесплатни со АМСМ ВЕЛО членска картичка.

Членските услуги можете да ги користите за помош на пат и пренос на велосипед на територијата на град Скопје.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping