ФИА СТАРТ-АП ПРЕДИЗВИК

ФИА Регион I го лансира третото издание на ФИА Старт-ап предизвикот, со цел да ги поврзе старт-ап бизнисите што имаат иновативни решенија во сферата на мобилноста, со мрежата на ФИА Регион I (Европа, Блиски Исток и Африка). ФИА Регион I се состои од 100 мобилити клубови со повеќе од 36 милиони членови.

Мобилити клубовите се брендови од доверба, со голем број членови. Тие постојано бараат нови начини да им помогнат на своите членови во нивниот секојдневен живот. Со поврзување со клубовите, старт-ап компаниите може да добијат шанса да ги тестираат своите идеи, да добијат валидни повратни информации и, евентуално, во партнерство со клубовите на ФИА Регион I да обезбедат влез на големи пазари.

Годинашното издание има четири категории: aвтомобили, мобилност, помош и безбедност на патиштата. Поканети се старт-ап компании со иновативни идеи за услуги поврзани со автомобили, услуги во сферата на мобилноста или пошироки услуги за помош – како што се домаќинствата, здравјето, начинот на живот или личната асистенција – да одговорат на предизвикот.

Решенијата што ќе ги задоволуваат секојдневните потреби на членовите се секогаш добредојдени. Старт-ап предизвикот на ФИА е одлична можност за старт-ап бизнисите да ја зголемат видливоста и евентуално да најдат квалификувани партнери за тестирање и лансирање на нивните идеи.

Избраните старт-ап компании ќе имаат можност да се сретнат со експерти за развој и маркетинг професионалци од водечките мобилити клубови и ќе бидат поканети лично да присуствуваат на настан во октомври 2023 година за да ги презентираат своите решенија.

Заинтересираните старт-ап компании треба да имаат доказ за концепт или минимален остварлив производ, да имаат извршен директор и CTO (главен технички директор) или еквивалент со полно работно време. Во текот на 2023 година тие ќе имаат повеќекратни можности да им ги пренесат своите идеи на експертите на мобилити клубовите-членки на ФИА Регион I, на нивните вработени задолжени за развој на бизнисот и на носителите на одлуки.

Повеќе информации за ФИА старт-ап предизвикот можете да прочитате тука.

За ФИА Регион I

Меѓународната федерација за автомобили (ФИА), основана во 1904 година, ги обединува водечките национални автомобилски организации од 146 земји во светот и е раководно тело за светскиот автомобилски спорт. Канцеларијата на ФИА Регион I, со седиште во Брисел, е тело на потрошувачи што опфаќа 100 клубови за мобилност што претставуваат повеќе од 36 милиони членови од цела Европа, Блиски Исток и Африка.

АМСМ е единствена мобилити членка на ФИА од нашата земја од 1994 година.

На овој ФИА старт-ап предизвик се приклучи и AMZS, клубот од Словенија. Во очекување и на другите клубови да се приклучат, а резултатите ќе ти ги претставиме кога ќе имаме неколку нови решенија. Тоа го очекуваме при крајот на оваа година.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping