Од неодамна шпанскиот клуб RACE нивниот возен парк го збогатија со таканареченото „комбе работилница RACE 10“.

Со овие возила, RACE го подобри управувањето и квалитетот на услугата за помош на пат.

Новите „мобилни работилници“, RACE на своите повеќе од осум милиони клиенти им нуди нова услуга за помош која им овозможува на лице место да ги решат 10-те проблеми кои претходно бараа префрлање на возилото во работилница.

Најсовремената комбе работилница „RACE 10“, нуди можност за отстранување на 10-те најчести незгоди на пат:

  • Безбеден транспорт на мотоцикли и нивни патници.
  • Поправка, промена или балансирање на гуми (како во работилница).
  • Грешка при полнење гориво (вадење, чистење и проверка).
  • Проверка на батеријата, замена и кодирање.
  • Дијагностика на возилото
  • Отворање на возилото, со главните клучеви и алатки за отворање.
  • Проверка на течности (масло, мотор, сопирачки, серво волан, брисачи…).
  • Протекување во системот за ладење.
  • Проверка на притисокот во гумите, светилки, четки…

Овие возила веќе обезбедуваат 24-часовна услуга за клиентите на RACE во Мадрид, Барселона и Мурсија, како прва фаза од процесот на имплементација на национално ниво.

Во меѓувреме Службата за Помош на Пат лансираше мобилно возило за извршување на премиум сервисни услуги директно на локација на клиентите.

ПРЕМИУМ СЕРВИСНИ УСЛУГИ

Премиум сервисните услуги на ваша локација се извршуваат со мобилно сервисно возило прилагодено и комплетно опремено за успешна реализација на сите сервисни услуги, во сите годишни времиња.

Премиум сервисните услуги кои се извршуваат на ваша локација вклучуваат:

  • Редовен сервис на возило (замена на масло и филтри)
  • Достава, замена и испитување на акумулатор
  • Достава и проверка на течности
  • Одржување и сервисирање на пневматици
  • Монтирање и демонтирање
  • Балансирање
  • Лепење пневматици со чеп и со лепенка
  • Компјутерска дијагностика
  • Испитување на протекување на систем за ладење со фреон (клима уред)
  • Замена на делови од системот за сопирање (промена на плочки)
  • Проверка на осветлување
  • Останати помали интервенции
  • Водење сервисна историја

                      
Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping