СЕРВИС НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА НА ВАША ЛОКАЦИЈА

01/09/2023

Сервисирањето и одржувањето на службените возила на вашата компанија не мора да биде комлицирано, но за тоа ви е потребен сигурен и доверлив партнер.

Премиум сервисните услуги кои ги извршуваме на ваша локација ви овозможуваат бројни предности:

  • намалување на трошоците за одржување на возниот парк, бидејќи одржувањето се врши на локацијата на клиентот;
  • скратување на времето и намалување на ангажманот на вработените при одржување на возилата;
  • намалување на загубата на ефективно работно време, бидејќи услугите за одржување се вршат само по работното време или за време на викендот.

Премиум сервисните услуги се извршуваат со мобилно сервисно возило прилагодено и комплетно опремено за успешна реализација на следните сервисни услуги, во сите годишни времиња:

  • Редовен сервис на возило
  • Замена и балансирање на пневматици
  • Компјутерска дијагностика
  • Проверка и дополнување на системот за ладење со фреон (клима уред)
  • Замена на делови од кочиониот систем (промена на плочки и дискови по оска)
  • Проверка на осветлување
  • Останати помали интервенции
  • Водење сервисна историја

 

Повеќе информации и понуда: 02/3181-329  

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping