ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Србија се наоѓа во Југоисточна Европа во централниот дел на Балканскиот полуостров. Се граничи со Унгарија на север, со Романија и Бугарија на исток, со Македонија, Косово и Црна Гора на југ и на запад со БиХ и Хрватска. Зафаќа површина од 88.361 км2 и има вкупно 7.498.001 жители. Главен град е Белград кој има околу 2 милиони жители. Други поголеми градови се Ниш, Нови Сад. Службен јазик е српски.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција – 192,
Амбуланта – 194,
Пожарна – 193,
АМСС (помош-информации) 00 381 11 1987 / 00 381 11 333 1200 (во Србија само 1987)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Србија од 26.02.2012 со Спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Србија користете пасош.
Потребни се : Зелен картон и дозвола за управување на туѓо возило, во случај возилото да не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – сите возила 50 км на час
Надвор од населени места
– Автомобили, моторцикли
– Автопат 120 км на час;
– Останати патишта 80 – 100 км на час;
-Автомобили со приколка
– На сите патишта 80 км на час;
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Употреба на мобилен телефон: забрането (казна 50 евра) hands-free дозволено,
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, 0% за професионални возачи, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително
Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, деца од 3 до 12 години не смеат да се возат на предно седиште
Средно светло дење: задолжително
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: не
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: задолжително, мора да се облече кога се излегува од возилото на јавен пат
Зимска опрема: од1 ноември до 1 април, зимски гуми на сите 4 тркала – кога има снег или мраз на коловоз, синџири мора да се има во возилото надвор од град во определениот период, а се користат за погонските тркала само таму каде што се поставени сообраќајни знаци.