ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Словенија се наоѓа на преминот меѓу централна и југоисточна Европа и се граничи со Италија на запад, Австрија на север, Унгарија на северо-исток и Хрватска на југ.Зафаќа површина од 20.273 км 2 и има вкупно 1.964.036 милиони жители. Главен град е Љубљана со 280.000 жители. Други поголеми градови се: Марибор, Цеље. Службен јазик е словенечки.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 113 / 112

Амбуланта 112

Пожарна 112

АМЗС (инфо центар) +386 1 530 53 00

АМЗС (аларм центар) +386 1 530 53 53

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување на туѓо возила ако возилото не е во лична сопственост.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места – сите возила 50 км на час

Надвор од населени места:

Автомобили, моторцикли,возила до 3,5 тони – Автопат 130 км на час; – Останати патишта 90-110 км на час; –

Автомобили со приколка до 7,5 тони – Автопат 80 км на час; – Останати патишта 80 км на час;

Минимум дозволена брзина на автопат и на брзи патишта е 60 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Словенија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE, казна 120 евра.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05% (казна 600-1200 евра); за професионални возачи, нови возачи (до 2 години искуство) и лица до 21 година – 0%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 120 евра) 

Детски седишта: Сите деца пониски од 150 см мора да се возат во безбедносни седишта соодветни за нивната возраст.Казна 200 евра. 

Средно светло дење: задолжително (казна 40 евра). 

Прва помош сет: задолжително за возила регистрирани во Словенија , за други се препорачува 

ПП апарат: не 

Триаголник: задолжително 

Рефлектирачки елек: задолжително за автопат, за сите особи кои ќе имаат потреба да излезат од возилото (казна 40 еур) 

Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала ИЛИ летни со синџири. Период:15 ноември – 15март. Кога се користат синџири, возила не смеат да возад над 50 km / h. Минималната длабочина за двата типа на гуми е 3 мм.

Click outside to hide the comparison bar
Спореди