ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Норвешка е конституционална монархија со Парламент и Премиер и има 4.627.926 жители. Повеќе од половината на Норвешка се наоѓа во Артичкиот круг и дури и најјужните делови се во висина на Гренланд. Осло е главен град на Норвешка со 500.000 жители и негов комерцијален и културен центар. Национална валута е Норвешката Круна – НОК. Службен јазик е норвешкиот.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 112 Амбуланта 113 Пожарна 110 НАФ (аларм центар) 08 505
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Норвешка на нашите граѓани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – сите возила 50 км/ч Надвор од населени места: – Возила до 3.500 кг. : – Автопат 90-100 км/ч; – Останати патишта 80 км/ч – Автомобил со приколка – со уред за сопирање 80 км/ч – без уред за сопирање и потешки од 300 кг 60 км/ч – Автобуси 80 км/ч
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Норвешка е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 1300 НОК.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта за моторни возила е 0.02%.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта:деца пониски од 135 см мораат да користат соодветни детски седишта Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: се препорачува ПП апарат : се препорачува Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжително за возила регистрирани во Норвешка. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО.Период: 15 октомври – април. Зимски гуми не се задолжителни, но, кога се користат, тие мора да бидат поставени на сите тркала, минималната длабочина е 3 мм. Возила со летни гуми мора да користат синџири за снег ако има снег или мраз на патот.