ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Грција се наоѓа на југот од Балканскиот Полуостров. Има површина од 238,537 км2 (континентална Грција заедно со островите) и население од 10,5 милиони жители. Археолошките наоѓалишта и историските споменици се најпривлечни за странските туристи. Островите зафаќаат 1/5 од вкупната површина и мнозинството се лоцирани во Егејското Море, а само мал дел се во Јонското Море. Официјален јазик е грчки. Главен град е Атина со околу 4 милиони жители.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 100/112
Амбуланта 166 во Атина/ 112
Пожарна 199/112
Специјален број на туристичка полиција 171
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Потребни документи се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час.
На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. ,
На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час.
За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Казна до 100 ЕУР.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%. За нови возачи (дозвола до 2 години), моторцилкисти и возачи на комерцијални возила 0,02%. (казна од 78 до 1.200 евра)
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра)
Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години со стандард ECE R44/03 (или понов). Деца од 3 до 11 години а пониски од 135 cm на задно седиште во соодветно детско седиште. Деца постари од 12 години и повисоки од 135 cm можат да користат ремени за возрасни.
Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди.
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: задолжително
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме.
Зимска опрема: Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h.