ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Албанија е сместена во западниот дел на Балканскиот Полуостров. Една е од најмалите држави во Европа, 350 км од север кон југ и 150 км од исток кон запад. Се граничи со Косово, Црна Гора на север, Македонија на исток и Грција на југ. На запад излегува на Јадранско и Јонско Море. Должината на морскиот брег изнесува 427 км. Поради медитеранската клима претставува потенцијален туристички центар.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 129
Амбуланта 127
Пожарна 128
АЦА (помош на пат) 139
АЦА (инфо центар) +355 4 2387 017 (раб. вр. 24ч)
+355 66 4001 222
+355 69 4001 222
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Албанија не е потребна виза. Oд 06.04.2012 со Спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Албанија користете биометриски пасош. Потребни се зелен картон и дозвола за управување на туѓо возило, во случај возилото да не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час.
На автопат ограничувањето е 110 км на час.
На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Забрането, казна 1.000 до 4.000 АЛЛ
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането. Дозволено ниво е 0.01 %
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: Употребата на ремени за возила произведени после 1990 год. задолжителни за сите седишта.
Детски седишта: Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште.
Средно светло дење: само при лоша видливост и во тунели.
Прва помош: задолжителна.
ПП апарат: се препорачува.
Триаголник: задолжително.
Зимска опрема: Синџири. Задолжително е да се поседуваат синџири во возилото од 1 ноември до 30 април.