СЕКОЈ ОД СЕМЕЈСТВОТО ДА ПАТУВА БЕЗГРИЖНО

04/12/2023

Ако во вашето семејство има повеќе возачи, тогаш без двоумење искористете ја опцијата за семејно членство. АМСМ семејното членство ви овозможува услугите од Вашата АМСМ членска картичка да ги споделите со членовите на вашето потесно семејство т.е деца до 26 години, сопруг/сопруга,  мајка/татко, кои живеат под ист покрив и се водат на иста адреса во лична карта, или партнери кои живеат на иста адреса.

Секој член од семејството добива дополнителна персонализирана картичка и има право да ги користи сите услуги кои произлегуваат од вашиот основен членски пакет, било да станува збор за АМСМ Classic или АМСМ Europe Premium членска картичка.

Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна се додека е активна вашата АМСМ членска картичка, по цена од 490 денари за АМСМ Classic и 890 денари за АМСМ Europe Premium дополнителна картичка.

Повеќе информации на: 02/3181-108

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping