РЕЗУЛТАТИ ОД CYCLERAP ПРОЦЕНАТА НА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА

21/01/2025

Во месец март, минатата година, АМСМ во соработка со „НаТочак“ и шпанската компанија „FACTUAL Consulting“ започна со имплементација на проектот „Безбедни патеки за безбедни велосипедисти“, кој се однесува на имплементација на CycleRAP методологијата која овозможува објективна процена на безбедноста на велосипедските патеки согласно меѓународни стандарди.

CycleRAP е најсовремен модел со кој се проценува ризикот од судири на велосипедските патеки и патиштата, без оглед на видот, врз основа на анализа на различните карактеристики на инфраструктурата и корисничките податоци.

Моделот CycleRAP е составен од две компоненти:

  • Анализа на моделот на ризик – користи информации за физичките карактеристики на инфраструктурата, брзината и бројот на учесници во сообраќајот за да ги пресмета оцените за ризик за секој тип судир.
  • Модел за безбедносен третман – користи податоците собрани за време на CycleRAP процената и оцените за ризик за да обезбеди приоритетна листа на препорачани безбедносни контрамерки за велосипедските патеки што биле предмет на анализа и процена.

Извештајот од CycleRAP процената, кој го подготви „FACTUAL Consulting“, соработник на проектот и член на советодавниот одбор на CycleRAP, кој исто така беше ангажиран од страна на АМСМ да направи анализа на безбедноста на велосипедската инфраструктура во Скопскиот плански регион користејќи ја методологијата CycleRAP, беше комплетиран во декември минатата година, а е достапен тука.

Во извештајот се анализирани точно 143,7 километри велосипедска инфраструктура во Скопскиот плански регион, поделена во различни категории: еднонасочни ленти, двонасочни ленти, булевари, мешани велосипедско-пешачки патеки, рекреативни патеки, коловози без велосипедска инфраструктура (без лента) итн.

Резултатите од CycleRAP процената покажуваат дека:

  • 12.08 % од овие маршрути имаат екстремен ризик,
  • 40.11% се со висок ризик,
  • 30.57 % имаат среден ризик,
  • 17.25 % имаат низок ризик за велосипедистите или корисниците на микромобилни превозни средства.

Вкупните резултати покажуваат дека булеварите се најзастапен тип патека во километри што има висок ризик од судири, со вкупно 18,66 %. Примарен фактор на ризик е близината на брзиот моторизиран сообраќај до релативно тесните велосипедски ленти. Дополнителните ризици вклучуваат чести раскрсници, пешачки премини и пристапни точки на патеката што го зголемуваат потенцијалот за судири. Многубројните раскрсници, автобуските постојки и пешачките премини дополнително го зголемуваат ризикот од сообраќајни судири.

Процената на велосипедските патеки во рамките на велосипедската инфраструктура во Скопје откри неколку фактори на ризик што се повторуваат и кои ја намалуваат безбедноста на велосипедистите:

  • Недостиг на рамномерни транзиции и рабници за тротоарите,
  • Недостиг на пешачки острови и несинхронизирани сообраќајни сигнали на пешачките премини,
  • Кривулести и прекинати патеки на раскрсниците, и
  • Физички пречки на ленти и тротоари, како контејнери, паркирани возила и други пречки.

Ги издвојуваме петте најчесто повторувани третмани предложени за подобрување на безбедноста на анализираната инфраструктура во Скопје:

 

Безбедносна мерка / третман                                                                                                                          Колку пати е предложена мерката

  • Подобрување на висинската разлика, т.е. слевање на рабниците    –   5.264 пати
  • Проширување на патеката  – 2.364 пати
  • Имплементација на мерки за смирување на сообраќајот – 2.149 пати
  • Поставување светлосно разграничување – 1.971 пати
  • Надградба на постојната патека во велосипедска лента на коловоз со безбедносна бариера – 1.865 пати

 

Покрај Извештајот, достапна е и веб алатка за проекција на различни сценарија за подобрување на безбедноста на одредени рути, која е од големо значење при планирање на безбедносни подобрувања на постојната велосипедска инфраструктура.

Проектот е реализиран на иницијатива на АМСМ, како единствена мобилити членка на ФИА од нашата земја, а е реализиран во соработка со:

      

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the comparison bar
Спореди