ПРЕМИУМ СЕРВИСНИ УСЛУГИ

13/07/2022

Времето е најважниот ресурс на денешницата. За вашето време да го посветите на раст и развој на бизнисот, креиравме иновативна услуга за сервисирање и одржување на возила на ваша локација. Ваквата услуга е прва од ваков вид на пазарот и ви овозможува важни придобивки:

  • да го намалите времето и ангажманот на вработените при сервисирање на возилата;
  • да го намалите трошокот за сервисирање, со тоа што сервисирањето се одвива на ваша локација;
  • да ја намалите загубата на ефективното работно време, така што сервисирањето на возилата ќе се одвива само периодот по завршување на работното време или за време на викенд.

Премиум сервисните услуги кои се извршуваат на ваша локација вклучуваат:

  • Редовен сервис на возило (замена на масло и филтри)
  • Достава, замена и испитување на акумулатор
  • Достава и проверка на течности
  • Одржување и сервисирање на пневматици
  • Монтирање и демонтирање
  • Балансирање
  • Лепење пневматици со чеп и со лепенка
  • Компјутерска дијагностика
  • Испитување на протекување на систем за ладење со фреон (клима уред)
  • Замена на делови од системот за сопирање (промена на плочки)
  • Проверка на осветлување
  • Останати помали интервенции
  • Водење сервисна историја

Премиум сервисните услуги на ваша локација се извршуваат со мобилно сервисно возило прилагодено и комплетно опремено за успешна реализација на сите сервисни услуги, во сите годишни времиња.

 

Повеќе информации: 02/3181-329

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping