ПОСТАВЕНИ СЕРВИСНИ СТАНИЦИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

20/06/2022

Во рамките на проектот на АМСМ, „ВРТИ БЕЗГРИЖНО“ чија цел е зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, минатата недела, на различни локации на територијата на град Скопје, беа поставени пет сервисни станици за велосипеди.

Сервисните станици располагаат со воздушна механичка пумпа, хекс клучеви, штрафцигери, конусни клучеви и друг ситен алат за проверка и поправка на ситни дефекти на велосипед.

Во соработка со локалната бизнис заедница, која со големо задоволство отстапи дел од сопствениот простор, вело сервисните станици се лоцирани на следните локации:

  • Пред АМСМ во општина Центар;
  • Пред SKOPJE CITY MALL во општина Карпош-ул.Манапо;
  • Во FOUR“ (хотел „ПАРК“) на кеј во општина Центар;
  • Пред хотел „РУСИЈА“ во општина Аеродром; и
  • Во следниот период на уште една локација на територијата на град Скопје.

Проектот  „ВРТИ БЕЗГРИЖНО“ започна со воведување на АМСМ ВЕЛО членска картичка за бесплатна помош на пат и пренос на велосипед на територијата на град Скопје, до 20км на градско подрачје. Проектот продолжи со отварање на сервис за велосипеди во рамките на АМСМ Центар – Скопје, а сега со истиот поставени се и петте вело сервисни станици на различни локации низ градот.

Како единствена мобилити членка на FIA, проектот на АМСМ е поддржан и се реализира со помош на FIA Foundation и FIA Road Safety Grant Programme.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping