Како Oвластен сметководител, во финансискиот оддел на нашата компанија, вие ќе имате одговорност во водењето на книгите согласно сметководствените стандарди, даночната регулатива и останатите законски прописи.

Одговорности:

  • Евидентирање и контрола на сметководствени настани согласно МСФИ и МСС
  • Изготвување завршни сметки, финансиски извештаи согласно законската регулатива на известување
  • Изготвување даночни пресметки согласно даночната регулатива во земјата
  • Соработка со ревизори и даночни професионалци за време на ревизии и даночни пријави
  • Анализирање финансиски податоци и трендови за подобар увид во донесување одлуки.
  • Изготвување на други интерни и екстерни извештаи од областа на финансии и даноци

 

Потребни квалификации:

  • Диплома од областа на Сметководство, Финансии или поврзана област.
  • Поседување лиценца за овластен сметководител.
  • 3+ години искуство во сметководствени или финансиски улоги.
  • Одлични аналитички вештини и вештини за решавање проблеми.
  • Исклучително внимание на детали и организациски способности.
  • Силни комуникациски вештини
  • Почитување на рокови
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Познавање на MS Office

 

Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија во електронска форма (во PDF или MS Word) да ни ја доставите на vrabotuvanje@amsm.com.mk со назнака РАБОТА – Овластен сметководител, најдоцна до 19 јуни 2024 година.

 

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping