На 30 март 2017 од 10.00 до 12.00 часот, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беше одбележан 31 Март – „Денот на професионални возачи“.

Во рамките на одбележувањето на Денот на професионални возачи, кој беше во организација на 1. механизирана пешадиска бригада, беше одржано предавање од страна на претставници од Авто -Мото Сојуз на Македонија (АМСМ) и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Исто така, беше презентирана надгледна вежба со одредени армиски м/в во екстремни теренски услови и пригоден коктел на организаторите на активноста и претставниците на АМСМ и РСБСП.

Одбележувањето на Денот на професионалните возачи го отвори командантот на бригадата, Бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Претставниците, м-р Росана Јанков од АМСМ и м-р Ристо Манчев од РСБСП, пред околку 90 професионални возачи – возачи од повеќе единици на АРМ од гарнизонот Скопје и Петровец, одржаа предавање на тема: „ Безбедност во јавниот сообраќај “. По предавањето, пред претставниците на АМСМ, РСБСП и војниците возачи на АРМ беше изведена мала вежба во движење на одредени армиски м/в во екстремни теренски услови. По завршувањето на вежбата, на најуспешните возачи од единицата во 2016 година, им беа доделени одредени признанија и награди.

Фотографии од одбележувањето можете да видите тука.

 

Датум на одржување: 31.03.2017год

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping